Најтопол, но и последен ден од топлотниот бран се очекува да биде денешниот ден во Грција, со температури што во одредени делови од земјата ќе достигнат до 45-46 степени Целзиусови.
Според Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, над 41 степен Целзиусови ќе бидат измерени во делови на земјата што опфаќаат 8,5 милиони население.
Поради високите температури, Министерството за култура на Грција соопшти дека Акропол ќе биде затворен од 11 до 17.30 часот.
Министерството за труд и социјални прашања воведе вонредни мерки за заштита од топлотниот бран, според кои во периодот од 12 до 17 часот забранета е достава во деловите од земјата каде што температурата ќе биде над 40 степени, со цел да се заштити здравјето на доставувачите.
Надлежниот министер Адонис Георгиадис преку социјалните мрежи упати апел денеска ниту еден работник да не биде на отворено.
За денеска исто така е екстремно висока опасноста од пожари поради топлото, суво и ветровите време.
Топлотниот бран „Клеон“ ја зафати Грција на 12 јули, а со мали прекини и намалувања на температурата, трае веќе две седмици.