Култните волнени чорапи кои ги плетат нашите баби ќе бидат светски моден хит за 2024: Погледнете на што се досетија дизајнерите, а е дел од нашата традиција со векови

Многумина од вас сигурно имаат барем еден пар волнени чорапи кои се дел од нашата традиција. Нив ги плетеле нашите баби кои знаат да кажат: „Чорап чува глава“.

И тие се апсолутно во право. Ретко што ќе ве згрее толку добро како волнените чорапи, а колку се тие драгоцени ќе ви покаже „новата“ модна идеја на светски познатата модна куќа „Bottega Veneta“.

Култните волнени чорапи кои ги плетат нашите баби ќе бидат светски моден хит за 2024: Погледнете на што се досетија дизајнерите, а е дел од нашата традиција со векови

Познатиот бренд ги промовира плетените чизми како водечки тренд за 2024 година. На фотографијата можете да видите модерна верзија на волнени чорапи кои се целосно претворени во обувки. Тие можат да се набават во повеќе бои, а судејќи по оваа модна комбинација, хит трендот ќе се носи и во текот на пролетта.

Дизајнерот Метју Блази смислил како да ги направи плетените обувки што е можно помодерни, а интересот за овој тренд е голем, како што пишува на Инстаграм страната на францускиот „Vogue“.

Сепак, луѓето на Инстаграм не се многу воодушевени од оваа идеја и велат: „Ова нема да се најде на моите нозе“, „Не“, „Обидете се да одите во ова во Финска“.

Излишно е да се каже дека трендот дефинитивно ќе заживее, но забележуваме уште нешто. Плетените чизми изгледаат прилично шик, но плетивото во облик на чорапи е сепак попрактично.

Додека ги гледате овие фотографии, ќе сфатите колку добри работи се создадени во минатото – оние кои го надживеале времето и нашле дури и неочекувани примени. Имајте го тоа на ум ако можеби мислите дека волнените чорапи се веќе застарени. Едвај чекаме да видиме кој ќе ги носи во нивната оригинална форма, со помодерна облека.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.