3 начини да го носите зимскиот шал и да изгледате неверојатно – најубавите модни стилови за зимскиот период

Тој е ѕвездата секоја зимска сезона и неизоставен детаљ од модните комбинации во студените денови.

Започна сезоната на носење зимски аксесоари – тие претставуваат вистинска ѕвезда во секој стајлинг и на комбинацијата ѝ носат слој на топлина.

Зимската сезона во прв план ги враќа капите, шаловите и ракавиците, како најпосакувани модни додатоци за студените денови. И не само најпосакувани туку тие се и неизбежни затоа што на ниските температури секако дека треба да ги носиме за да се загрееме.

3 начини да го носите зимскиот шал и да изгледате неверојатно – најубавите модни стилови за зимскиот период

Од практичен моден додаток којшто секој го има своето место во зимскиот гардеробер до омилен детаљ во слоевитите зимски комбинации, шалот секоја сезона се враќа сѐ подобар и пораскошен.

Овој дискретен и ненаметлив додаток дава изобилство на можности за носење, стилизирање и интересни трансформации.

Од едноставни волнени модели во неутрални бои и со секогаш интересни реси на краевите до тренди модели кои се украсени со карирани детали и пругави принтови, со раскошни бои и интересни детали, шалот уште еднаш се истакна како моден додаток којшто секогаш ќе го носиме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.