На 31.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(44) од Куманово. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 30.08. и 31.08.2024 од дворно место на ул.„Никола Тесла“, сопственост на Б.А.(26) од Куманово, одзел повеќе делови за автомобили.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.