Кумановец настрада во несреќа со плинска боца

Вечерва околу 20:23 часот, во СВР Куманово пристигнала пријава за пожар кој избувнал во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, предизвикан од експлозија на плинска боца. Како последица на експлозијата, животот го загубил Л.Д., 60-годишен жител на Куманово. Лекар потврдил дека лицето починало, а истрагата за случајот е во тек.
The post Кумановец настрада во несреќа со плинска боца appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: