Кумановец ограбен од сопатник кого го примил во своето возило за да го превезе

Кумановец во своето возило качил сопатник кој потоа му се заканил и му одзел пари, информира денеска СВР Куманово. Настанот во полицијата, вчера го пријавил 51-годишниот Р.Ф кој кажал дека во 21.25 часот едно лице со закана му одзело пари.
-На 23 октомври 2019 во СВР Куманово, Р.Ф.(51) од Куманово пријавил дека околу 21.25 часот едно лице со закана му одзело пари. Според пријавеното, во наведеното време на улица „Индустриска“ тој го качил лицето во возилото, кое подоцна со закана му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.