Нова жртва на биткоин измама, овој пат станува збор за 59–годишна кумановка која пријавила измама од 88.338 денари.
Од СВР Куманово велат дека вчера жена пријавила дека на телефон и се јавило лице претставено како вработен во „агенција за биткоини“, кое ја информирало дека на сметката има биткоини во вредност на 900/000 денари. За да ги подигне, од неа се барало само да ја прати нејзината трансакциска сметка на која ќе и бидат префрлени парите.
Измамената набрзина подигнала кредит, кој веднаш и бил повлечен од сметката без да добие надомест за биткоините.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.