Кумановската болница во сериозна опасност, премногу здравствени работници се заразени со корона вирусот

Кумановската болница во сериозна опасност, премногу здравствени работници се заразени со корона вирусот

Дури 13 здравствени работници од кумановската болница се позитивни на корона вирусот. Податоците варираат од 11 до 15 заразени. Како и да е, очекуваме Филипче да ја соопшти точната бројка.

Она што е важно да се констатира е дека оваа бројка ја зголемува загриженоста дека оваа инститруција нема да може да се справи со предизвикот од КОРОНА ВИРУСОТ, бидејќи веќе е десеткувана. Останува да видиме што ќе преземе Министерството по ова прашање.

Новозаразени се најмалку 9  здравствени работници од кумановската болница во изминатово деноноќие. Снежана Захариева, директорката на оваа институција ја потврди оваа информација.