Кумата за нејзината свадба ја потрошила цела заштеда – еве како таа ѝ вратила!

Кумството не е евтино, а за тоа сведочи и исповед на девојка која сакала на сите да им даде до знаење колку труд и пари вложила за нејзината другарка да се чувствува убаво.
Сепак, таа не умее да го цени тоа, па после сè ја послужила со чинија смоки.


„Пред 4 години бев кума на венчавка. Во тоа време работев за минималец, 250 евра. Родителите исто така работат за минималец, така што сè финансирав сама. Цела заштеда ја потрошив за сватовите, ниту еден долар не остана за мене. Како кума ѝ помогнав сè што можев, купив корисни и квалитетни подароци, правев декорации со неа иако бев ‘мртва уморна’ од работа. Сега ситуацијата е ваква – ѝ се јавувам на секои 5 дена, таа ми одговара кратко за што побрзо да се ослободи од мене. Еднаш во месецот неа ѝ текнува да ми се јави да ме праша како сум. Иако се добро ситуирани, за роденден не се труди да купи некој корисен подарок, воглавно се некои глупости кои не ми служат за ништо, иако јас секогаш внимавам што да ѝ подарам. Кога првпат влегов во нивната куќа, уредно донесов и подарок. За вселувањето ме почести со мала чинија смојки, иако за пријателите на сопругот, подготви вечера. Се чувствував јадно. Жал ми е за трудот, маките и нервите кои ги потрошив на неа“, напишала анонимната девојка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.