Купете си јапонско јаболко, еве зошто треба да го јадете!

Јапонското јаболко е слатко есенско-зимско овошје. Бојата може да му варира од светло жолта, преку портокалова до темно црвена.
Јапонското јаболко е вистински извор на здравје.
Еве зошто:
Превенција од рак
Јапонското јаболко е полно антиоксиданси како витамини „А“, „Ц“ и „К“. Антиоксидансите го штитат организмот од последиците на оксидативен стрес, што може да помогне во јакнење на имунитетот и одбрана од болести. Последиците од оксидативниот стрес често се поврзани со хронични заболувања, како срцеви болести и разни видови рак.


Варење
Јапонското јаболко е богато со диетални влакна кои се пресудни за добро функционирање на дигестивниот тракт. Диеталните влакна го стимулираат варењето и помагаат при проблеми со опстипација и поттикнување на цревата, што резултира со исфрлање на токсините од организмот.
Добар вид
Ова вкусно овошје, покрај витамините, е и одличен избор на зеаксантини. Овие антиоксиданси, кои често се нарекуваат „витамини за очи“ ги штитат очите од заболувања кои се карактеристични за постарите личности, како катаракта и макуларна дегенерација, немалувајќи ги ефектите од оксидативниот стрес.
Здраво срце
Неодамна направено истражување покажало дека јапонското јаболко содржи високо ниво на диетални влакна, минерали и феноли, кои се од пресудна важност во борбата против атеросклерозата (главна причина за срцеви болести). Научниците тврдат дека високата содржина од диетални влакна, феноли и минерали го прават јапонското јаболко многу пожелно во антиатеросклеротичните диети.


Добар имунитет
Еден плод јапонско јаболко содржи 12,6 мг.витамин „Ц“, што е 21% од препорачливниот дневен внес на овој витамин. Со тоа, ова овошје го јакне имунитетот и го штити организмот од слободните радикали.
Слабеење
Јапонските јаболки се одличен извор на диетални влакна, со оглед на тоа што содржат 6 грама влакна во еден плод (24% од препорачаниот дневен внес). Диеталните влакна се клучни за слабеење бидејќи го забруваат метаболизмот и го намалуваат апетитот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.