Оваа година низ светот се продадоа далеку помалку автомобили, и половни и нови. Побарувачката за нови возила стагнира најмногу како резултат на КОРОНА кризата, а и половните не се поштедени.
Ако сепак сте се решиле да купите возило на старо, ова се пет златни правила што ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.
Не купувајте „на слепо“
Автомобил не е обична стока што ја купуваме преку интернет. Карактеристиките не можат да се видат со голо око, па затоа фотографиите објавени на страниците за продажба на возила често ги збунуваат купувачите. Запознајте го продавачот пред да го купите возилото, а потоа тестирајте го автомобилот. Извршете го тестот во присуство на автомеханичар бидејќи тоа ќе укаже на можни проблеми кога станува збор за сопирачките, воланот, амортизерите и моторот.
Бидете внимателни со увезените автомобили
Намалената продажба на дизел возила предизвика драстични промени на пазарот на користени возила. Моделите што не наоѓаат купувач во Франција масовно се транспортираат во Централна и Источна Европа каде прописите за животната средина не се толку ригорозни. Спротивно на тоа, побарувачката за нови возила на бензин расте. Историјата на овие автомобили не може да се потврди со сигурност, па бидете внимателни.
Изберете докажани брендови
Во истражувањето објавено во 2016 година, скоро секој втор половен автомобил не бил купен од овластен продавач. Построгите контроли предизвикаа промена на состојбата на подобро во текот на изминатите четири години, но податоците остануваат алармантни. Истрагата на Организацијата за контрола на потрошувачи во Обединетото Кралство покажува дека се забележани голем број измами при купување од одделни трговци на мало.
Ако одлучите да купите користено возило, прво погледнете автомобили од реномирани производители кои се овластени за овој вид продажба и вклучуваат гаранција, потекло и детали за услугата.
Проверете ја историјата на возилото
Првиот документ што треба да се побара е сервисната книшка. Таму треба да се заведени сите механички интервенции – посети на сервис, замена на масло, гуми, дискови, батерии, спојки. Ако продавачот ја нема сервисната книшка, побарајте го бројот на шасијата. Потоа контактирајте го производителот кој има пристап до националниот регистар. Ќе ги дознаете сите релевантни информации доколку се официјално регистрирани.
Внимателно со плаќањето
Измамата не се однесува само на состојбата на автомобилот. Има развиени стратегии за земање пари, а потоа продавачот исчезнува без трага. Едно истражување покажа дека дури третина од Французите кои купиле половен автомобил пријавиле измама. Околу 23% од купувачите на користени возила пријавиле скриен дефект, а 13% лажни информации од продавачите од кои го купиле возилото.