Купувате скапи шампони, а најдобрите лекови против првут веќе ги имате дома

Шампоните против првут можат да бидат ефикасно средство за решавање на овој многу чест проблем, но можат да направат и штета. Тие содржат многу агресивни хемиски состојки кои во одредени случаи можат да реагираат негативно на здравјето на луѓето. Затоа, подобар начин е да се одлучите за природни препарати со кои многу умешно можете да се ослободите од оваа појава.
Маслиново масло
Помешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и нежно тријте го коренот на влакната. Маслото нека ви постои на главата 15 минути, а потоа убаво исплакнете ја косата.
Исто така, можете да направите сличен препарат со маслиново масло и рузмарин. На една лажица маслиново масло се ставаат 10 капки масло од рузмарин, кое можете да го купите од аптека. Откако ќе го нанесете на главата, најубаво е да го оставите да ви делува за време на ноќта, а потоа наутро да ја измиете косата.
Јаболков оцет
Еден од начините е да помешате иста количина на вода и оцет. Нанесете го овој препарат на косата и оставете го да ви дејствува цела ноќ. Утредента, косата исплакнете ја со бебешки шампон.
Доколку имате чувствителна кожа, препорачливо е во шише од половина литар да измешате 1 децилитар оцет и 4 децилитри топла вода. Откако ќе ја измиете косата, земете ја оваа мешавина и пополека сипете ја на косата. Можеби ќе чувствувате мало пецкање, но тоа е сосема нормално. Масирајте ја кожата на главата, а потоа убаво исперете ја за да не ви мириса косата на оцет.
Камилица, мајчина душица и ловоров лист


Камилицата ја смирува воспалената кожа, па токму затоа можете да земете три кесички чај од камилица и да ги ставите во 150 мл топла вода. Оставете ги да отстојат 10 минути во водата, а потоа чајот нанесете го на коренот на влакната и нежно масирајте. Препорачливо е потоа косата да не се мие.
Пробајте и со лековитата билка мајчина душица, распоредувајќи 7 лажици сува билка во две шолји за чај полни со топла вода. Оставете ги покриени 10 минути, а потоа процедете го чајот и оставете го да се олади. Едната шолја искористете ја на чиста коса, масирајќи ја главата. Со другата шолја повторете го третманот наредниот ден.
Ловоровиот лист исто така може да ви помогне при отстранувањето на првутот. Во 1 литар вода ставете цела шака ловорови листови и оставете го на оган убаво да зоврие. Кога ќе се олади, процедете ја течноста и на чиста коса нанесете ја на главата. Косата замотајте ја во пешкир и оставете ја течноста да ви делува барем еден час. На крајот исплакнете ја косата со млака вода.
Сок од лимон
Исцедете еден лимон и со сокот истријте ја кожата на главата. Потоа земете една чаша вода, додадете во неа една лажица лимон и повторно истријте ја главата. Оставете го сокот да делува неколку минути, а потоа измијте ја косата. Постапката можете да ја повторите неколку пати, се додека не се ослободите од првутот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.