Курти ги повика лидерите на Вреди на ифтар

Во петок на ифтар лидерите на коалицијата ВРЕДИ ќе отпатуваат во Приштина, чиј домаќин е косовскиот премиер Албин Курти. Како што дознава ТВ21 од свои извори, на оваа вечера се очекува да присуствуваат Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами, Зеќирија Ибрахими и Беким Ќоку, како и Фатмир Лимани. Се уште не се знае дали тука ќе биде и претседателот на Собранието Африм Гаши.

На средбата, како што информираат изворите, постои можност да се разговара за зајакнување на соработката меѓу лидерите на ВРЕДИ, поточно за создавање ВРЕДИ 2.0, пообединета, но според истите извори, со Таравари како претседател.

Од друга страна, изворите велат дека средбата би можела да заземе и друга насока, имено ова би можела да биде последната заедничка вечера меѓу лидерите на ВРЕДИ, пред Конгресот на АА – Таравари.

Извор: ТВ21

Пронајдете не на следниве мрежи: