Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Париз изјави дека Косово се соочува со безбедносни закани од странство, особено од Србија.
На вториот ден од Форумот за мир во Париз, како што јави koha.net, тој зборуваше за нападот во Бањска, нагласувајќи дека тоа е изговор за влез на српската војска во Косово, пренесува Бета.
- Партнерите кои се бакнуваат често развиваат ист микробиом: Науката открива како бакнувањето влијае на телото и емоциите
- Нови детали: Албанија им забрани влез на десетици лица од Македонија поради антивладини протести во Тирана
- Со поглед кон таванот на обвинителна клупа седна обвинетиот за убиствата во кумановско
- Самсунг во проблеми поради вештачка интелигенција: Историските профити се во сенка на стравувањата од проекти со вештачка интелигенција
- На одмор, сите сакаат да шетаат покрај море, но експертите предупредуваат на сериозен ризик
- Почина охриѓанец: Проготал опаковка со дрога за да не го фати полиција
- Канаѓанка се породи во сон, бебето е пронајдено неколку минути подоцна под ќебиња
- Дали стресот предизвикува автоимуни болести? Еве што откриваат најновите истражувања
- Нов скок на цените на нафтата
– Пред неполни два месеци го имавме овој напад на терористичка паравоена група од Србија на северот на нашата земја. Тие убија косовски полицаец и сакаа да предизвикаат голема ескалација за да создадат тотален хаос како изговор за влез на српската војска во Косово, рече тој.
Курти додаде дека во Косово не постојат само внатрешни безбедносни закани, туку и надворешни, а тоа е „поврзано со геополитичките времиња низ кои поминуваме, а од друга страна, има врска со нашиот северен сосед (Србија), која не ја признава нашата земја“.
Косовскиот премиер изјави дека Косово има само една алтернатива, а тоа е членство во Европската Унија и НАТО.
– За безбедноста на нашата земја треба да се справиме со овие групи кои сакаат да бидат како Вагнер, кои сакаат да предизвикаат дестабилизација и мораме да се фокусираме на геополитичката ситуација во која немаме алтернатива, бидејќи не сакаме да има алтернатива на ЕУ и НАТО, но има земји кои размислуваат и прават нешто друго, рече тој.
На прашањето дали ЕУ може да му помогне на Косово, Курти изјави дека верува во две обврски кои произлегуваат од тоа.
– Имаме две ветувања, едно од (претседателката на Еврокомисијата Урсула) Фон дер Лајен за планот за проширување, но го имаме и ветувањето на (претседателот на Европскиот совет) Шарл Мишел дека 2030 година е година кога ќе се приклучат ЕУ и земјите од Западен Балкан. Имаме време и имаме суштина и ние мора да го искористиме за да влеземе на патот кој е неповратен. Не сите земји имаат иста страст и желба за членство во ЕУ, рече тој.
Курти оцени дека ниту една од соседните земји на Србија нема да биде безбедна додека не влезат во ЕУ.
– Од една страна сакаат да видат поделба на Косово, би сакале територијална компензација за нивните грешки, но тоа не е можно. Од друга страна, сведоци сме на дестабилизирачки напори во Босна, Црна Гора и Косово, соседи на Србија, понекогаш и во Северна Македонија. Соседите на Србија, сè додека не се дел од ЕУ, не се безбедни од Србија и тоа треба да се земе предвид во Брисел, оцени косовскиот премиер.
Прашан за идејата за размена на територии, тој рече дека идејата не е мртва, но нема можност да се реализира.
– Како што Москва е незадоволна од распадот на СССР, Белград не е задоволен од распадот на Југославија, кој самиот го предизвика. Живееме во времиња кога овој проект за размена на територии пропадна, но идејата не е мртва, и ова често го гледам кога го слушам претседателот на Србија како јавно зборува.Луѓе кои сонувале за промена на граници, тешко е да се ослободат од носталгијата и да учествуваат во демократски и европски решенија и покрај неуспехот на проектот, идејата постои, но без можност за имплементација. Колку побрзо ги нормализираме односите со де јуре и де факто признавање, толку подобро за сите, заклучи Курти.
Тој додаде дека идејата за размена на територии била поддржана од поранешните лидери на Косово.
Пронајдете не на следниве мрежи:



