Курти: Од 1 септември ќе воведеме косовски таблички и во регионот каде што живеат Срби

Кутир ова го изјави во првото јавно обраќање по враќањето од Брисел, каде во рамки на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија имаше средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Владата е производ на државноста и суверенитетот на Косово и не може да го прифати неутралниот статус на оваа земја. Една од опциите беше да произведеме неутрална дозвола за таблички, без државна ознака. Длабоко сум убеден дека српската страна непотребно ја разгорува реториката
Курти: Од 1 септември ќе воведеме косовски таблички и во регионот каде што живеат Срби

Курти вели дека српската страна не презентирала конструктивни предлози во Брисел за решение на кризата и дека четири конкретни предлози дал специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, пренесува Ал Џезира.

Косовскиот премиер тврди дека се зборувало за менаџирање на кризата на северот на земјата, каде мнозинството од населението се Срби.

Тој потсети дека косовската влада ја одложи одлуката за пререгистрација на возилата со таблички РКС и издавање документи за влез-излез на српските државјани за 1 септември. Тој рече дека одлуката нема да се одложува.

„Нема потреба да се враќаат во оптек регистарските таблички со ознаката КС. Владата е производ на државноста и суверенитетот на Косово и не може да го прифати неутралниот статус на оваа земја. Една од опциите беше да произведеме неутрална дозвола за таблички, без државна ознака. Длабоко сум убеден дека српската страна непотребно ја разгорува реториката и дејствијата во безбедносниот сектор“, рекол Курти, пренесува Ал Џезира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.