Курти повторно е носител на пратеничката листа на Самоопределување

Движењето Самоопределување заедно со коалиционите партнери Листа Гуџо и Алтернатива поднеле листа на кандидати за пратеници за изборите на 9 февруари, пишува албански Јуроњуз.
Од партијата наведуваат дека списокот претставува визија за позитивни промени и одржлив развој на Косово.

Носител на листата е Аљбин Курти, а зад него се Гљаук Коњуфц и Доника Гервала.

На списокот го нема името на министерот за инфраструктура, еден од првите активисти на Самоопределување, Љибурн Аљиу, ниту пак Бесник Бисљими.

На списокот освен Курти, Коњуфца и Гервала се најдоа и Авни Дехари, Аљбуљена Хаџиу, Хекуран Мурати, Џељаљ Свечља, Мимоза Кусари Љиља, Фатон Пеци и Мехмет Сељими.

Пронајдете не на следниве мрежи: