Курти: Прво бриселскиот договор, а потоа и договорот од Вашингтон

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека минатогодишниот Договор за нормализација на односите со Србија треба да се спроведе и оти очекува „дополнително инсистирање“ од Европската комисија за потпишување на тој договор.

„Тоа е последниот договор што го имаме и тоа е договор во кој јас бев дел и го прифатив“, рече Курти.

Вака одговори на прашањето дали Вашингтонскиот договор би бил прифатлив за него, доколку новата американска администрација инсистира на негово спроведување.

Да почнеме со најновиот договор, кој е сеопфатен бидејќи ги нормализира односите меѓу Косово и Србија преку меѓусебно де факто признавање“, додаде Курти.

Минатата година Косово и Србија усно го прифатија Договорот за пат кон нормализација на односите во рамките на дијалогот со посредство на Европската унија и нејзиниот анекс од Охрид.

Во 2020 година, тогашниот премиер на Косово, Авдулах Хоти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потпишаа договор во Белата куќа, главно за нормализација на економските односи меѓу Косово и Србија, а Курти подоцна силно го критикуваше како неуставен.

Пронајдете не на следниве мрежи: