Советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шолет, кој требаше да го посети Косово, го откажа своето патување откако беше позитивен на KОВИД-19.
Курти и Ескобар разговараа за актуелната ситуација и последните случувања, особено на северот на Косово. Беше речено дека барикадите на патиштата мора веднаш да се отстранат. „На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија, за процесот на дијалог и за патот напред кон целосна нормализација на односите меѓу двете земји“, се вели во соопштението за печатот објавено од кабинетот на Курти.