Курти ќе ги легализира геј браковите на Косово

Парламентот на Косово следниот месец би можел да гласа за закон за легализација на истополовите бракови. Засега е непознато кога точно ќе се одржи гласањето и дали воопшто ќе добие доволно поддршка во парламентот, но премиерот Албин Курти минатиот месец најави дека ќе се случи наскоро.

Евентуалното изгласување на законот би бил голем поттик за правата на геј заедницата во оваа конзервативна балканска држава, иако многумина сметаат дека тоа нема да ги промени врежаните ставови.

„И ако законот помине, не верувам дека промената наеднаш ќе биде прифатена во општеството. Тоа силно ќе одекне во државата и ќе ја растресе, но не верувам дека многу ќе се промени начинот на кој се третира геј заедницата“, вели режисерката Арлинда Морина.

Правата на ЛГБТ заедницата се ограничени во најголем дел од Централна и Источна Европа. Грција неодамна стана првата православна држава во светот која ги озаконила истополовите бракови, но во Косово, каде што 90% од населението се муслимани, премиерот Курти се соочува со отпор дури и од пратеници од неговата партија. Меѓу нив е и Дуда Баље, пратеник и претседател на парламентарната комисија за човекови права.

„Не сакаме притисокот од мала заедница да го надвладее мислењето на мнозинството“, вели Баље.

Еден пратеник од владејачката партија изјави дека Курти се обидува да ја убеди опозицијата да гласа за законот, нудејќи ѝ за возврат распишување вонредни избори. Следните редовни избори во Косово треба да се одржат во февруари 2025.

Пронајдете не на следниве мрежи: