Кусо време по полетувањето-принудно слетување

Авионот на компанијата „Блу Панорама” што сообраќал на релација Тирана-Анкона бил принуден да слета неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во главниот град на Албанија.
Во седум часот утрово авионот со повеќе од 50 патници, меѓу кои и деца, нормално полетал, но при прелет над Драч почнал да испушта црн чад што се појавил и во пилотската кабина и почнал да се шири во внатрешноста.
Како што изјавиле патниците настанала паника по што им било најавено дека се враќаат назад. Притоа авионот направил неколку опасни маневри, но за среќа успеал успешно да слета.
„Им благодариме на пилотите. Само нивната присебност и искуство не спасија од ужас. Беше страшно, настана паника, децата почнаа да плачат, но ете се се заврши добро“, изјавил еден од патниците.
Стручни лица вршат контрола на авионот за да ја утврдат причината на дефектот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.