Кучето „Чудо“ преживеа еден месец под рушевини

Помина еден месец откако Бахамите беа погодени од ураганот „Дориан“ при што загнаа 10 лица, а уште стотици се водат за исчезнати. Спасувачите од рушевините извлекоа куче кое преживеало откако се срушила зграда. Кучето е пронајдено со помош на дрон, а спасувачите го нарекоа „Чудо“. Спасувачот Скот, рекол дека кучето било заробено под рушевини и скршено стакло, а малку недостигало да угине. Се претпоставува дека преживеало пиејќи дождовница, но од фотографиите се гледа колку е изгладнето. Организацијата која го спасила „Чудо“ успеала да пронајде 139 кучиња.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.