четврток, 12 ноември 2026
Најново

КУЧЕ ГИ ОДНЕСЕ СПАСИТЕЛИТЕ ВО ЗАВЕАНО СЕЛО ВО ТУРЦИЈА: Екипата се изгубила во планините но добила неочекувана помош (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија однесе илјадници животи. Сцените на страдање и уништување кршат срца, но видеото од загрозено село покажува дека во несреќа секој наоѓа начин да помогне.

Имено, конвојот кој се движел кон завеаното село Ајанбурн, во близина на тешко погодениот град Кахранмарас, куче го донело до целта.

Спасувачкиот тим кој го сними ова видео изјави: „Кога не можевме да го најдеме патот, тргнавме по кучето. Не донесе во селото“.

Поврзани вести