Куче го преживеа пожарот во Грција скриено во печка

Грчките спасувачи пронашле куче во соѕидана печка каде се сокрило и го преживеало пожарот кој минатата недела ја погоди Атина во Грција.
На видео снимката се гледаат волонтери спасувачи кои го нашле исплашеното куче и го извадиле од печката лоцирана пред куќа во Мати.
Артемис Кирјакопулос кој го пронашол кучето изјавил дека најверојатно станува збор за куче скитник старо околу четири години. Го крстиле Локомаки.
Во пожарот кој ја зафати Грција на 23 јули животот го загуби 91 лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.