Куче кое не можело ни да се движи поради премногу заплетканото крзно добило нов изглед

Колку што ни се кине срцето кога читаме за актови на негрижа кон животните, толку силно ни се загрева кога ќе разбереме за некоја приказна со среќен пресврт. Таква е приказната за кученцето Ели Мае, кое било толку многу запоставено што кога дошло во засолништето за животни, вработените не можеле ни да претпостават за што се работи.
Куче кое не можело ни да се движи поради премногу заплетканото крзно конечно добило нов изглед
Хуманото здружение од Небраска ѝ дало на Ели Мае сосема нов изглед кој ѝ го променил животот. Кога дошла кај нив, таа била непрепознатлива од многуте тутканици од несредени влакна, но со многу вложена љубов, внимание и труд од страна на вработените, таа е сега освежена и одново блеска.


Куче кое не можело ни да се движи поради премногу заплетканото крзно конечно добило нов изглед
Кога дошла во засолништето за животни, Ели Мае имала 4 кг заплеткано и замирисано крзно на себе. Од таму велат дека ова е најлошиот случај на заплеткано крзно што некогаш го имаат видено. Таа пристигнала во кафез, бидејќи не можела да оди, па дури ни да мрда. Била пронајдена во станот на нејзиниот поранешен сопственик кој починал, од страна на луѓето кои биле пратени да го исчистат.
Куче кое не можело ни да се движи поради премногу заплетканото крзно конечно добило нов изглед
Куче кое не можело ни да се движи поради премногу заплетканото крзно конечно добило нов изглед
Кога почнале да работат на нејзе, не знаеле на што ќе наидат одоздола и дали ќе успеат целосно да ја спасат. Во претходен случај на заплеткување на крзно, на едно куче му бил попречен протокот на крв што довело до неопходност од ампутација на ногата. За среќа, нозете на Ели Мае се разоткриле во убава розова боја што значи дека сѐ било во ред со протокот на крв. Затоа пак, ноктите ѝ биле пораснати 18 см и целосно обвиени со влакна, измет и нечистотии.


Куче кое не можело ни да се движи поради премногу заплетканото крзно конечно добило нов изглед
Куче кое не можело ни да се движи поради премногу заплетканото крзно конечно добило нов изглед
Ели Мае имала и здравствени проблеми. Едната нога ѝ била инфицирана, мускулите атрофирани, имала артритис во грбот, а требала да прави операција на кила и поправка на забите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.