Кујнски трикови за супер-домаќин(к)и!

Ви предлагаме некои едноставни трикови кои многу ќе ви помогнат при подготвувањето на вкусни оброци. Како на најлесен начин да се снајдете во вашата кујна, употребувајќи ги советите од некои врвни готвачи, ви откриваме во продолжение.
Кујнски трикови за супер-домаќин(к)и!
Како да ја одвоите жолчката од белката?

Земете празно пластично шише и насочете го отворот кон веќе скршеното јајце во садот. Притиснете со шишето и на тој начин ќе ја вшмукате жолчката која може да ја ставите во друг сад.
Прескокнете го миењето на вашите тестенини по варењето

Миењето на тестенините по варењето ќе ги исплакне сите вкусови и ќе го отстрани скробот од нив, па така и сосот нема да се залепи на нив. Наместо да ги плавите, само процедете ги и оставете ги во сад да се исушат. Но, зачувајте и малку од водата при варењето за сосот да се спои со тестенините.
Немојте да жалите ако вашата торта се распадне
Познатите шефови советуваат парчињата торта да ги ставите во чаша, украсувајќи ги со слатка павлака. Ете го вашиот деконструиран колач во чаши!
Одржете ја вашата работна површина чиста постилајќи ја со хартија за печење

Пред да готвите, наредете ги сите потребни работи на работната маса послана со хартија за печење. На тој начин нема да се грижите доколку нешто ви се истури, а и нема потреба дополнително да ги барате потребните состојки.


Вашиот сечач за пица употребете го и за сечкање на вашите зачински билки
Исечете го вашиот магдонос, коријандер или босилек со тркалезниот сечач за пица и така ќе ги заштитите и вашите прсти. Овој сечач може да го употребите и за сечкање на тестенините и палачинките на вашите деца.


Употребете го вашиот голем пластичен сад за фрлање на мали отпадоци при готвењето
Лушпите од јајцата, од зеленчукот и од овошјето, како и другите остатоци може да ги ставите во садот, а потоа да ги фрлите во кантата за отпадоци. Може да го покриете садот со пластична фолија за потоа полесно да го исчистите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.