Куња: Успехот кој го бележиме во последно време треба да му се препише и на Аморим

Рубен Аморим беше ослободен од обврските во Манчестер Јунајтед на стартот на 2026-та година и заработи отказ по ремито кое тимот го имаше со Лидс Јунајтед, а во период кога животот е далеку подобар на „Олд Трафорд“ без португалскиот стручњак, една ѕвезда сака да му препише дел од успехот и на доскорашниот менаџер.

Аморим беше човекот кој силно се бореше за потписите на Матеус Куња и Брајан Мбеумо во летниот преоден рок, а токму овој првиот има само позитивни мисли за човекот кој му даде огромна шанса во великан како Јунајтед.

„Десетката“ на Јунајтед одигра важна улога на натпреварите на кои Јунајтед забележа четири победи и едно реми, па во пресрет на дуелот со Евертон кој следи, Куња му оддаде признание и на човекот со кој работеше пред Карик.

– Отсекогаш бев благодарен и се уште сум благодарен за тоа што го направи Аморим. Мислам дека сега е многу лесно да се зборува за промени, да се гледа на минатото само низ призма на проблеми, но не е така. Според мене, станува збор за сосема поинаква ситуација. Аморим направи многу добри работи и беше извонредна личност, – изјави Куња за „ДАЗН“ и додаде.

– Голем број од новите играчи пристигнаа во тимот поради него, па затоа сметам дека тој има голема улога во успехот кој го имаме како тим во овој момент. Не треба да се гледа само низ лоша призма, – изјави Куња.
The post Куња: Успехот кој го бележиме во последно време треба да му се препише и на Аморим appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: