недела, 15 ноември 2026
Најново

Утрата со минусни температури, преку ден и до 20 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето утре во Република Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец.

Утринските минимални температури ќе се движат од -3 до 6 степени, додека дневните максимални ќе бидат од 4 до 12 степени Целзиусови. Најстудено ќе биде во Маврово и Крива Паланка, а најтопло во Гевгелија, Скопје и Велес.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во следните денови се очекува стабилно време со постепен пораст на температурите. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ветерот ќе биде слаб до умерен, со променлив правец.

Минималните температури ќе се движат од -5 до 4 степени, додека дневните максимални ќе бидат во постојан пораст, достигнувајќи од 16 до 20 степени кон средината на неделата.

Стабилното време без врнежи ќе продолжи и во Скопје, каде максималните дневни температури ќе се искачат до околу 20 степени Целзиусови.

Поврзани вести