КФОР СЕ ИЗВИНИ ЗА НАЈНОВИОТ ИНЦИДЕНТ: „Ја почитуваме резолуцијата 1244 на ОН, направивме грешка“

Вршејќи ги своите редовни оперативни и безбедносни задачи, патролата на КФОР од Источната регионална команда случајно со возилата влегла на паркингот на градинката во Лепосавиќ, поради што командата на КФОР издаде соопштение во кое се извинува за инцидентот.

Во соопштението се објаснува дека колоната на КФОР додека се обидувала да стигне до целта, со возилата „случајно се свртела во погрешна улица, ќорсокак“.

– Со оглед на тоа што патот нагло заврши, конвојот на КФОР сакаше да влезе на паркингот на блиската градинка за да ги заврти возилата и да се врати по патот по кој дошле – се наведува во соопштението.

Но, како што се наведува, патролата поради јазичната бариера не можела да ги образложи нивните намери и да побара да им се отвори капијата за да ги свртат возилата во дворот, што предизвикало збунетост цели десет минути.

КФОР во соопштението објаснува дека поради зголемените безбедносни мерки поради откривање експлозивни направи претходниот ден во околните општини, припадник на КФОР кој носел панцир излегол од возилото со пушка за да им помогне на возачот и спречи оштетување на возилото и објектите околу градинката, што предизвикало страв кај вработените и децата.

 – Се извинуваме за евентуалните недоразбирања и се извинуваме доколку сме ја нарушиле работата на градинката. Сакаме да ги увериме сите дека КФОР секогаш ќе дејствува со цел да гарантира безбедност и безбедна средина за сите граѓани на Косово. Мисијата КФОР предводена од НАТО останува секогаш подготвена да даде какво било појаснување и продолжува да дејствува во рамките на мандатот добиен од Резолуцијата 1244 на Обединетите нации од 2009 година –  се наведува во соопштението на КФОР.


Пронајдете не на следниве мрежи: