Унгарската компанија на македонскиот поранешен премиер Никола Груевски и под американски санкции успева да заработи десетица илјади евра годишно од консалтинг услуги, покажуваат податоците од унгарскиот регистар на компании, објави колегиум.мк
фото колегиум.мк
Дека компанијата работи стабилно со редовни приливи покажува последниот објавен извештај за завршна сметка од 2024 година. Унгарскиот регистар на компании податоците од завршните сметки за 2025 година ќе ги објави во текот на мај.
„Добриот пријател на унгарскиот поранешен долгогодишен премиер Виктор Орбан од Македонија, Груевски, осуденик кој избега во Унгарија во 2018 година и доби статус на азилант, одлучи во летото 2021 година да основа своја мала компанија во унгарскиот мал град во областа Пешта, Печел“, пишува истражувачкиот унгарски портал 444.ху.
Станува збор за компанијата ICIC Kft. чија главна дејност е консалтинг услуги, која на банкарското салдо нижи милиони унгарски форини. Во објавата на „Опен санкшнс“, се наведени неколку варијации на името на фирмата меѓу кои ICIC LTD, која освен консулатции нудела и големопродажба на порцелан, стакло, производи за чистење, организација на настани.
„Тој може да има фиксен клиент, бидејќи приходите доаѓаат сигурно во последните години, а самата дејност воопшто не е трошковно интензивна, па затоа може да забележи и голем профит“, се вели во сторијата на унгарскиот медиум.
Во 2024 година поранешниот македонски премиер заработил над 4 милиони форинти односно околу 11 илјади евра, за разлика од годината претходно, кога имал 9.700 евра. Според податоците кои ги пријавил имал мали трошоци за фирмата во вредност од 3 400 евра, што значи му остабале околу седум илјади евра добивка. Од нив, добил 5 илјади евра како дивиденда, со што вкупниот износ на поранешниот претседател достигнал 16,7 милиони форинти односно 45 илјади евра во текот на 3-те години од работењето на компанијата, пишува 444.ху.
Извештајот, исто така, открива дека иако Николај Груевски редовно го повлекувал поголемиот дел од профитот на компанијата, на крајот од минатата година, околу 8 милиони форинти се наоѓале на банкарската сметка на компанијата.
„Сепак, сосема неочекуван развој на настаните е што осудениот премиер не само што дава совети, туку и се покажува како кредитоспособен. Тој навел долг од 2,52 милиони форинти или шест илјади евра во билансот на состојба“, се вели во истражувањето.
Консалтинг услугите на Груевски во Будимпешта ги користел и досегашниот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој според известувањето на унгарските медиуми, го примал македонскиот поранешен премер во својата канцеларија и со него се советувал за прашања поврзани со Западен Балкан. Според изјавите на унгарскиот министер, Груевски е оној од кој можел да ги добие најсигурните информации за регионот, бидејќи бил премиер 10 години.
…
Последен пат македонското Министерство за правда побарало екстрадиција за Груевски во 2019, за сите случаи за кои се водеа против него и за кои беше распишана меѓународна потерница. Тоа всушност беше надополнување на барањето испратено во 2018.
Тогаш унгарските власти официјално ја известиле Македонија дека нема да го екстрадираат Груевски. Таква одлука донел Врховниот регионален суд со образложение дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија и „во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегало“.
повеќе тука


