Лавина кај Бигорскиот манастир го прекина сообраќајот од Маврово кон Дебар

Снежна лавина која се струполила врз коловозот на регионалниот патен правец Маврови Анови – Дебар предизвика целосен прекин на сообраќајот во овој регион. Лавината паднала во близина на Бигорскиот манастир, неколку стотини метри пред бензинската станица.
Колкава количина на снег, камења и дрвја паднала на коловозот за сега нема информации. Единствено што се знае е дека екипи на „Македонија пат“ и друга механизација се упатени на местото за да го расчистат патот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.