Секој хороскопски знак има некоја своја привлечна еротска нота. Кога се ќе се собере и одземе, излегува дека сексапилот е нешто што не е врзано за изгледот, туку нешто на прв поглед нетипично – а сепак ги возбудува мажите.
Овен: страст
Родените во знакот Овен се самостојни и импулсивни – што најчесто доаѓа во комплет со тврдоглавост. Поради тоа личностите родени во овој знак брзо се вовлекуваат под кожа, па останатите ги вртат околу малиот прст со својот неодолив шарм и дух.
Бик: успех
Биковите се родени да водат и се задоволуваат само со најдоброто. А бидејќи успехот само по себе е секси, овој хороскопски знак поради својата успешност и амбициозност се наоѓа на високо место по сексапилот. Биковите се мајстори да се грижат за некој, знаат што е добар вкус и ценат луксуз, а партнерите ги размазуваат од глава до пети.
Близнаци: мудрост
Близнаците сите сакаат да ги слушаат бидејќи се сјајни говорници. Колку е поголемо нивното искуство, толку повеќе фасцинираат се околу себе. За жал, овој ѕвезден знак често знае да ги изврти фактите. Нивната хировост во исто време е привлечна и опасна.
Рак: непредвидливост
Раковите се тотално непредвидливи. Се колебаат меѓу слобода и прврзаност, ладност и емотивност, срдечност и дистанца. Всушност, таа непредвидливост ги прави многу привлечни за другите.
Лав: шарм
Лавовите се вистински шармери и освојуваат срца со брзина на светлината. Неговата енергија, заедно со топлината ги прави симпатични – но и егоистичката желба за внимание – зашто константо бараат признание, љубов и пофалба.
Девица: интелигенција
Кој сака интелигентни расправи треба да излегува со Девица. Личностите родени во тој знак се ориентирани на решавање на проблеми. Таа когнитивна предност, за жал, често преминува во нереалност. Поради тоа кај нив емоциите и реалниот живот често се во судир. Но, Девиците се ќе дадат за љубовта и се меѓу најверните хороскопски знаци.
Вага: сензибилност
Личностите родени во знакот Вага не се само длабокоумни, туку и се полни со разбирање и сензибилност. Сепак, некои ќе се отворат дури по некое време, но кога некој ќе ја добие нивната доверба, ќе се држи до таа личност. Вагите би ја предала контролата на другите и добро ќе се чувствува со доминантни личности. Кога станува збор за проблеми или чувствителност тие се вистински спасувачи.
Шкорпија: мрачна мистичност
Шкорпиите имаат темна, скриена, дрска страна – а тоа ги прави фасцинантни за другите личности. Со Шкорпиите може да се доживеат многу подеми и падови. Тие личности се екстремни и мајстори на заведувањето.
Стрелец: добрина
Стрелците ги преплавуваат другите со љубов и склоност. Срцето им е јазик и сакаат да се отворат кон другите. Искреноста и верноста е најважна за родените во овој знак – ако тоа некој го искористи на лош начин, ќе мора да смета на последиците, зашто родените во знакотСтрелец не се склони кон простување.
Јарец: смиреност
Јарците имаат неверојатен внатрешен мир, трпеливи се и остануваат верни на своите принципи. За жал, склони се на затвореност и попрво другите би држеле „на мраз“ отколку да им веруваат.
Водолија: единственост
Водолиите се неверојатно шармантни, а не се ни свесни. Често причината за тоа е недостатокот на самодоверба.
Риби: флексибилност
Личностите родени во знакот на Риби се сјајни во кревет, а ги одликува и спонтаноста. Цврсто веруваат на своите чувства, па некогаш делуваат наивно. Сепак, не смее нивната наивност да се токјува како невиност – зашто рибите се многу дрски и нема да му останат должни никому.