Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска изјави дека Германија мора да одговори на сите прашања поврзани со експлозиите на Северен тек 1 и 2.
„Ќе инсистираме на транспарентна меѓународна истрага“, изјави Лавров за московскиот весник „Известија“.
Тој смета дека „срамно е Берлин премолчено да прифаќа дека земјата е лишена од долгорочна основа за економски и енергетски просперитет“.