Лавров: Договорот за продажба на НИС немаше да биде постигнат ако не беше во интерес на Русија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека договорот за продажба на пакет акции на Нафтената индустрија на Србија (НИС) на унгарската компанија МОЛ немаше да биде постигнат доколку тоа не беше во интерес на Русија.

„Во врска со НИС, овој договор, кој беше објавен вчера, доколку не беше поволен за руската страна, немаше ни да се случи“, рече Лавров на прес-конференција.

Унгарската компанија МОЛ Груп вчера потврди дека ги потпишала главните одредби од обврзувачкиот рамковен договор со руската компанија Газпром Нефт за купување на 56,15 проценти од акциите на НИС.

Властите во Србија побараа промена на сопственоста во НИС поради одлуката на американските власти да воведат санкции врз оваа компанија, а и затоа што тие беа во сопственост на руска компанија која долго време е под санкции.
The post Лавров: Договорот за продажба на НИС немаше да биде постигнат ако не беше во интерес на Русија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: