Лавров: Москва е подготвена на преговори со Украина, но да се земе предвид реалната ситуација

Москва е подготвена за преговори за решавање на ситуацијата во Украина, но тие треба да бидат насочени кон елиминирање на основните причини за кризата и да се земе предвид реалната ситуација на теренот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за Спутник.
Тој потсети дека рускиот пристап за решавање на конфликтот околу Украина јасно го кажа и претседателот на Русија, Владимир Путин, во својот говор во руското Министерство за надворешни работи на 14 јуни, како и на годишната прес-конференција на 19 декември.

„Се работи, меѓу другото, за демилитаризација и денацификација на Украина, обезбедување на нејзиниот неврзан, неутрален и ненуклеарен статус, елиминирање на долгорочните закани за безбедноста на Русија кои доаѓаат од Запад, вклучувајќи го и проширувањето на НАТО. „Киев мора да преземе конкретни обврски за да ги обезбеди правата, слободите и интересите на граѓаните што зборуваат руски и, се разбира, да ја признае територијалната реалност содржана во Уставот на Руската Федерација“, нагласи шефот на руската дипломатија.

Пронајдете не на следниве мрежи: