Лавров: НАТО ги премина сите граници на пристојност, веќе јавно ги покажува своите вистински намери

Министерот за надворешни работи на Русија го критикуваше НАТО за изјавите за можноста за превентивни удари врз Русија

Тој денес на состанок со шефовите на безбедносните агенции и разузнавачки служби соопшти дека шефот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, ги објавил вистинските намери на Алијансата кога рекол дека размислува за изведување на превентивни удари врз Русија во случај на можен вооружен конфликт, пренесува ТАСС.

„Шефот на воениот комитет на НАТО отворено рече дека, за да ги остварат целите на заштита и одбрана на земјите-членки на НАТО, треба превентивно да изведат напади врз цели во Русија кои, според мислењето на НАТО, можат да претставуваат закана за земјите-членки на Алијансата. Мислам дека тука нема што да се коментира. Ја преминаа границата на секоја пристојност и веќе јавно ги изнесуваат вистинските намери“, рече Лавров.

Претходно, на конференција во Центарот за европска политика во Брисел, шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, повика на производство на повеќе оружје за да се извршат прецизни удари длабоко во Руската Федерација во случај на конфликт, пренесе ТАСС.

Пронајдете не на следниве мрежи: