Сега се разјаснува руската доктрина за користење нуклеарно оружје, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Американците јасно ги поврзуваат тие разговори за третата светска војна како нешто што, не дај Боже, ако се случи, може да влијае само на Европа… И во оваа ситуација, веројатно е многу важно да разбереме дека имаме своја доктрина , вклучително и доктрината за употреба на нуклеарно оружје, која, патем, сега се разјаснува и која американските власти многу добро ја знаат“, рече Лавров на прес-конференција со шефот на јеменското Министерство за надворешни работи.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија би можела да направи промени во својата нуклеарна доктрина поради разговорите за можноста за намалување на прагот за употреба на нуклеарно оружје.
Според него, се развиваат нуклеарни експлозивни направи со ултра ниска моќност, а во експертските кругови на Запад постојат идеи дека може да се користи такво оружје и нема ништо особено страшно во тоа.