Лавров: Резултатите од самитот на БРИКС ја покажуваат неспособноста на Западот во обидот да ја изолира Русија

Резултатите од самитот на БРИКС во Казан ја покажуваат неспособноста на западните земји да ја изолираат Русија на меѓународната сцена, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Земјите од светското мнозинство не го следат примерот на Западот, тие ги зајакнуваат односите со нас во различни формати и области. За тоа сведочат резултатите од самитот на БРИКС во Казан, под руско претседателство“, изјави Лавров на отворањето на осмиот Светски конгрес на Русите кои живеат во странство, пишува весникот „Известија“.

Според него, народите кои живеат на југот и на истокот на светот разбираат дека силната Русија е важен фактор во формирањето на праведен мултиполарен светски поредок, кој се заснова на принципите на Повелбата на ОН.

Лавров додаде дека овој светски поредок ќе ги одразува интересите на целото човештво, не само на земјите од таканаречената златна милијарда. Заменик-шефот на руското министерство за надворешни работи Андреј Руденко вчера изјави дека по самитот на БРИКС во Казан, одредени земји наскоро ќе ја изгубат својата доминација во светската политика.

Според него, самитот покажал дека ставовите на земјите од таканаречената златна милијарда се разликуваат од значаен дел од светското општество. На 27 октомври, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш го истакна значењето на самитот на БРИКС, на кој присуствуваше, за решавање на глобалните проблеми. Гутереш оцени дека значењето на состанокот на лидерите на БРИКС лежи во единството на земјите-учеснички.

Самитот на БРИКС во Казан се одржа од 22 до 24 октомври. Претходниот самит на ниво на шефови на држави се одржа во Јоханесбург во август 2023 година и како резултат на тоа, членките на БРИКС одлучија за историско проширување. На Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка на 1 јануари годинава им се придружија Египет, Иран, Етиопија и ОАЕ, пренесува Танјуг

Пронајдете не на следниве мрежи: