Лажел дека е киднапиран за да не оди на работа

Еден млад човек од Аризона се најде во неволја откако се преправаше дека е киднапиран за да избегне да оди на работа.
Полицијата во градот Кулиџ неодамна добила дојава за маж кој лежи на улица со врзани раце зад грб. Испратен бил полициски автомобил кој наскоро пријавил дека навистина нашле еден млад човек кој изгледа дека бил врзан за улицата.
„Жртвата“ била идентификувана како Брендон Соулс, 19-годишник, кој и соопшти на полицијата дека бил киднапиран од две маскирани лица. Тој рекол дека го удриле во главата по што се онесвестил и се разбудил таму каде што го пронашла полицијата. Само, тоа не било вистина, пренесува „Одити Централ“.
Полицијата известила дека била спроведена темелна истрага и биле пронајдени докази дека неговата приказна е измислена и дека немало киднапирање или напад.
По испрашувањето, младиот човек на крајот признал дека ја измислил приказната. Тој вели дека очајно сакал да избегне одење на работа, па решил да го лажира сопственото киднапирање. Го втурна стутканото марамче во устата, а потоа ги врза рацете зад грбот со кожен ремен. Излегол на улица каде што некој можел да го види и чекал полицијата да го „спаси“.
Седум дена по овој настан, Соулс бил уапсен за поднесување лажни пријави до полицијата. Потоа бил отпуштен од компанијата каде што работел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.