ЛАЖЕН ХИРУРГ СО ДЕНОВИ ЛЕКУВАЛ И ИМ НАПЛАЌАЛ НА НАСТРАДАНИТЕ – многумина ги продавале и телефоните и му давале пари

Дваесет и деветгодишниот Неда Ергун веднаш по земјотресот во Турција отишол во погоденото подрачје и се претставил како неврохирург и измамил десетици луѓе.

Имено, тој се обидувал да собере пари од луѓе за наводно да купи лекови, а бил приведен во Истанбул кога било откриено дека не е лекар, пренесува РТС.

Инаку, Ергун е измамник од претходно познат на полицијата и уште пред земјотресот имал криминално досие за 40 различни измами. На вториот ден од земјотресот на сите во Хатај им се претставил како неврохирург.

Некои од волонтерите дури ги продале своите телефони и му ги дале парите на Ергун. Кога се дознало дека не е лекар, бил уапсен во Истанбул. Една од неговите жртви бил и Самет Чинар, претседател на каменоломот во Истанбул, Алперен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.