Лажна девојка од Малта измамила момче од битолско, му однела 4.500 долари

20-годишно момче од битолско било измамено од некој што се претставил како девојка од Малта, а сумата која ја однел измамникот е 4.440 долари, соопшти полицијата.

„На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари. Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РСМ, кое немало законски наследници. Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.