Лажна информација од Вашингтон за миг вртоглаво ги вивна американските акции

Aмериканските акции за миг забележа краткотрајно закрепнување, а набрзо стана јасно зошто: поради „лажното соопштение“ од Вашингтон дека Доналд Трамп размислува за 90-дневна пауза на царините.

Како што објавија CNN и други американски медиуми, ненадејниот пресврт се случи откако Кевин Хасет, советник во Белата куќа и директор на Националниот економски совет, наводно изјавил за CNBC дека Трамп размислува за 90-дневна пауза на царините за сите земји освен Кина. Но, тогаш се случи една необична ситуација, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека тоа е „лажна вест“ и дека не станува збор за пауза. После тоа, акциите повторно почнаа да паѓаат.

Дау Џонс се искачи пред повторно да падне со загуба од 629 поени, а слично, пред повторно паѓање, NASDAQ порасна.

Портпаролот на Белата куќа Стивен Чеунг исто така одговори велејќи дека изјавите на Хасет дека „претседателот Трамп ќе го направи она што ќе го направи“ се погрешно сфатени.

„Не е точно дека спомна пауза. Никој не може да се повика на транскриптот, бидејќи никогаш не е кажано“, се вели во објавата на X што ја сподели Чеунг.

Во меѓувреме, Ројтерс ја објави изјавата на Хасет дека Трамп разговарал со светските лидери во текот на викендот и дека ќе „слуша предлози за големи зделки“.

Пронајдете не на следниве мрежи: