Лажна тревога за коронавирус во Штип, анализите покажале обичен грип

Лажна тревога за коронавирус во Македонија. „Сител“ објави дека штипјанец пред еден месец се вратил од Кина, а во меѓувреме неговата сопруга добила висока температура, еден од симптомите карактеристични за новиот вирус. Здравствените власти веднаш се мобилизирале и почнале да испитуваат за што точно се работи, но лабораториските анализи покажале дека жената имала грип и сега нејзината здравствена состојба е стабилна.
Случајот го потврди и министерот за здравство Венко Филипче.
Немаме таков случај, имавме само еден случај во Штип, но се потврди дека станува збор за грип – изјави Филипче.
По прогласувањето на коронавирусот за глобална здравствена закана, а најголема опасност има кај земјите со послаб здравствен систем, Филипче уверува дека земјава е подготвена да се справи со предизвикот. Од понеделник на дневна основа ќе ја информираат јавноста за се што преземаат и дали има најава за доаѓање на граѓани кои биле во подрачја каде има заболени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.