Лажните интимни дневници на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ќе бидат префрлени во германскиот национален архив ќе бидат достапни за јавноста, објави во вторникот германскиот неделник Stern.Пред триесет години овие лажни дневници беа претставени во Хамбург како сензационално откритие на истиот неделник Stern, едно од највлијателните германски и европски списанија.„Stern ги предава сите интимни дневници коишто ги поседува“, објави портпаролката Франциска Кипер и додала дека примероците ги поседуваат и некои други институции.Новинарот на Stern Герд Хејдеман ја 25-ти април 1983 година ги претстави 62-та тома на дневникот кои неделникот ги купил за тогашни неверојатно многу 9,3 милиони германски марки.Правосудната полиција и архивот од градот Кобленц, меѓутоа, открија дека станува збор за апокрифно дело коешто го лажирал Конрад Кујау, наводен колекционер. Весникот Stern беше принуден да се извини, а неговите уредници поднесоа оставки. Неделникот нагло го загуби угледот и доживеа огромен пад на продажбата.Фалсификаторот Кујау и новинарот Хејдеман во 1985 година беа осудени на по четири години затвор.
МакфаксЛажните интимни дневници на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ќе бидат префрлени во германскиот национален архив ќе бида