Деновиве е забележана зачестена појава на измамнички пораки испратени во името на Министерството за внатрешни работи за сторени прекршоци од Сејф сити.
Пораките пристигнуваат од странски телефонски број и содржат линк до лажна веб-страница која се претставува како официјална страница на МВР. Откако корисниците ќе кликнат на линкот, се пренасочуваат на страница каде се бара внесување на регистарска табличка, по што им се прикажува наводен прекршок и се бара уплата од 1.500 денари преку платежна картичка.
Надлежните предупредуваат дека станува збор за класична интернет-измама чија цел е злоупотреба на лични и финансиски податоци. Апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат чувствителни податоци и да не вршат плаќања преку непроверени веб-страници.
Од МВР потсетуваат дека официјалните известувања не се испраќаат на ваков начин и повикуваат на зголемена внимателност, како и пријавување на вакви случаи до надлежните институции.
The post Лажни СМС пораки за казни од Сејф сити appeared first on Provereno.



