Лазаров: Верувам во овие ракометари повеќе од самите што веруваат!

На денешната средба со новинарите селекторот Кирил Лазаров го анализираше вчерашното издание.
„Идејата ја имам од моето поставување како селектор и продолжуваме напред. Поразот боли, но сакам да истакнам дека она за што се спремавме да настапиме комплетни како во квалификациите не ни успеа. Не е иста оваа репрезентација без Лазаров, Маркоски, Мутрески, Ојлески, Стоилов, Манасков, без невакцинираните. Планот беше да дојдеме комплетно и да им се спротиставиме на сите. Не е ова алиби, туку реална ситуација. Загубивме два натпревари, првиот гордо, со многу жар и борба. Можеби тоа не наведе да помислиме дека можеме лесно да ја победиме Црна Гора. Но, ние ги мотивиравме Црногорците. Тие имаат одлични индивидуалци, споредувајќи во кои клубови играат нивните и нашите ракометари тие се во предност.Прегледувајќи го натпреварот увидов дека сме на добар пат. Стојам зад овие зборови. Оптимист сум и прифаќам критика. Почнуваме од нула, но за кратко ќе разговараме кој грешел и зошто грешел. Верувам во репрезентацијата, можеби јас повеќе од ракометарите. Им недостига тој победнички менталит, велат се раѓа спортист со таков менталитет. Но, може да им се вгради тој менталитет. Играме брз и модерен ракомет и вчера бевме блиску до победата.Имам и јас грешки и треба да ги поправам. Можеби победа синоќа ќе ја натераше оваа репрезентација да полета. Вака имам јасна слика и не само играчки, туку и карактерно. Некогаш и ако си послаб ракометар, но имаш добар карактер – заслужуваш место во овој тим. Нема лесно да се предадам, ми се случувале вакви работи и во играчката кариера. Имаме напредок, но тоа треба да го преточиме во победи и успеси“, рече Лазаров.
Попладнево македонската репрезентација редовно ќе тренира, а утре од 20:30 часот против Данска ќе го одигра последниот натпревар на турнирот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.