Лазаров: Мукаетов беше со нас и во добро и во зло, благодарам за тоа!

„За Живко Мукаетов имам само пофални зборови, би сакал да ја искористам приликата за јавно да му се заблагодарам за поддршката што ни ја даваше во целиот овој период, со години наназад.

Бевме заедно во добрите моменти, исто така и во лошите, но тоа само направи да бидеме уште поупорни за да успееме, и успеавме навистина – изградивме една нова генерација која игра квалитетен ракомет.

Можам слободно да кажам дека тој е извонреден човек преполн со енергија, кој многу го сака спортот и ја сака Македонија, соработувавме беспрекорно и неговото заминување секако ќе остави трага“, изјави Лазаров.

Мукаетов си заминува од претседателското место во Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во месец март.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.