Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазарвов, во пресрет на квалификацискиот дуел со Шпанија се наоѓа во центарот на вниманието во земјата на светскиот шампион.Лазаров, кој поради клупски обврски на репрезентативните колеги им се приклучи во понеделникот, посакува барен еден бод од двомечот со Шпанија.„Jасно е дека Шпанија е фаворит и во Скопје и во Гвадалахара, но наша цел е да освоиме барем еден бод, бидејќи така ќе ги задржиме нашите шанси за пласман на ЕП во Данска“, изјави за Marca, капитенот на македонската репрезентација.Лазаров верува дека со помош на навивачите Македонија ќе има сили да стигне до посакуваната цел.„Популарноста на ракометот во мојата земја расте, луѓето се во еуфорија по пласманот на Металург во четвртфиналето во Лигата на шампиони, арената ќе биде исполнета до последното место што сигурно ќе ни биде дополнителна помош“, рекол суперстарот на Атлетико Мадрид.Иако Шпанија е фаворит, Лазаров предупредува дека Македонија има искусен и квалитетен тим што го покажа во последните две години.„Имаме добар и борбен тим, со квалитетни играчи, но истото го има и Шпанија, па тие се светски шампиони“, заклучува Лазаров.
Макфакс Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазарвов, во пресрет на квалификацискиот дуел со Шпанија се наоѓа во центарот на вн