Лазаров: Јас сум Македонец и секогаш ќе бидам

Македонскиот репрезентативен капитен и десниот бек во францускиот Нант, Кирил Лазаров по денешната клубска победа над ПСЖ, вели дека го финалето го посакува Вардар.
-Заради моите Македонци и моја Македонија, го сакам Вардар во финалето. Иако, што се однесува до квалитетот логично е да го посакувам Монпелје во финалето бидејќи со нив ќе ни биде многу полесно. Но, јас не можам против мојата Македонија! Јас сум Македонец и секогаш ќе бидам. И од срце му посакувам на Вардар да се пласира во финалето. А, потоа, кој е подобар нека победи, вели Лазаров.
Македонскиот репрезентативец постигна осум гола на мечот, од кои седум од пенал, исто колку и Турна, а голема заслуга за победата на Нант имаше и голманот Думулан, кој демонстрираше извонредно издание на голот.
Македонскиот капитен урна и рекорд откако стана најдобар стрелец на Ф4 турнирите со вкупно 59 погодоци.
-Одлично е што дојдов до рекорд, но не ми е важен. Не сакам некој да ми зборува за тоа. За натпреварот, морам да кажам дека заслуживме да победиме. Го одигравме најдобриот меч во сезоната против еден ПСЖ кој е еден од најдобрите тимови во Европа на сите времиња. Одушевени сме и среќни, можеби јас сум најискусен играч, но сите одигравме одлично. Мора добро да се подготвиме за финалето, во кое исто така сакаме да победиме, нагласува Лазаров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.