Директорот на Управата на црногорската полиција Лазар Шчепановиќ денеска изјави дека сите убиства кои ги изврши во Цетиње Ацо Мартиновиќ на 1 јануари годинава, се извршени за 30 минути, известува „Танјуг“.
Шчепановиќ вели дека „околу 17 часот и 15 минути после вербалниот инцидент во кафеаната, Ацо Мартиновиќ со автомобил отишол на непозната локација, се вратил во 17 часот и 20 минути и почнал да пука во сите лица во објектот“.
-Од 17 часот и 20 минути до 17 часот и 24 минути тој лишил од живот 4 лица, а ранил 3. Меѓу овие лица се наоѓал и Ј.О, кој заедно со него отишол во возилото и се оддалечил на нозе на друга локација во населбата Хумци, каде во тој момент немавме пријава, рече Шчепановиќ.