Завршниот турнир во кошаркарската АБА лига ќе се одигра во Лакташи, потврдил за Б92 директорот на регионалното натпреварување Јосип Билиќ.
На овој начин Билиќ стави крај на сагата околу одигрувањето на „Фајнал Фоур“ турнирот, за чија организација претходно како најсериозни кандидати се споменуваа Скопје и Белград. Инаку, градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, во вторникот изрази подготвеност српската престолнина да биде домаќин на турнирот. Билиќ за Б92, истакнал дека резултатите на Игокеа која е лидер во АБА лигата, како и условите за организацијата, биле клучни завршниот турнир да се игра во салата во која натпреварите како домаќини ги играат кошаркарите на Игокеа. Според Билиќ, Белград отпаднал бидејќи, Ѓилас понудил само сала за играње на натпреварите, додека сите останати трошоци околу организацијата ќе требало да ги покрие лигата. Завршниот турнир во АБА лигата ќе се одигра од 25. до 27. април, пласман веќе обезбедија Игокеа и Црвена звезда, додека Партизан, Раднички и Будуќност конкурираат за преостанатите две места.
Макфакс
Завршниот турнир во кошаркарската АБА лига ќе се одигра во Лакташи, потврдил за Б92 директорот